Изби пожар во авион на „Рајанер“: Патниците скокале од крилата за да се спасат/ВИДЕО

184

Осумнаесет патници се повредени во пожар што избувна во авион на „Рајанер“ на аеродромот Палма де Мајорка пред закажаното полетување.

Инцидентот се случил непосредно пред полноќ, кога ненадеен пожар предизвикал паника кај патниците, објави „Билд“.

Многумина брзале да избегаат од авионот, некои скокајќи од крилото на авионот.

Според првичните извештаи, шест повредени лица морале да бидат однесени во болница.

Тројца биле примени во приватната клиника „Ротгер“ во Палма де Мајорка, додека тројца други биле префрлени во болницата „Киронсалуд Палмпланас“, која се наоѓа во истиот град.

Иако пожарникарите и полицијата брзо пристигнале на местото на несреќата, причината за пожарот сè уште е непозната.

Исто така, не е потврдено кон која дестинација требало да полета авионот пред да избувне пожарот.

ИЗДВОЕНИ