петок, февруари 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Избегнувајте ги овие две крстосници вечерва во Скопје, ќе се снима филм...

Избегнувајте ги овие две крстосници вечерва во Скопје, ќе се снима филм – сообраќајот ќе биде затворен

239

Поради снимање филм вечерва во периодот од 20:00 до 04:00 часот затворен за сообраќај во двете насоки ќе биде булеварот„11-ти Октомври“ на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ИЗДВОЕНИ