Избегнат скандал во британскиот парламент: Спречен обид да се пуштат звуци на секс за време на говорот на премиерот

88
Фото: EPA

Несоодветни звуци од секс се откриени во меморијата на телефон кој бил тајно внесен и скриен во Долниот дом на британскиот парламент за во одреден момент да го попречи говорот на премиерот Кир Стармер, објавија вчера британските медиуми.

Покрената е истрага за тоа како телефонот влегол во британскиот парламент и како бил поставен во близина на местото од каде што британскиот премиер одговара на прашања од пратениците, бидејќи, според надлежните служби, тоа е сериозно нарушување на парламентарната безбедност, објавува лондонскиот весник „Тајмс“.

Телефонот бил поставен во близина на предните клупи и требало да се активира и да пушта сексуално експлицитен звук додека британскиот премиер Кир Стармер одговарал на прашања од опозициската конзервативна пратеничка Ками Баденок.

Сепак, телефонот бил пронајден за време на рутинска инспекција пред одговорите на премиерот, а прегледот на снимките од безбедносните камери не открил јасни докази за тоа кој го поставил телефонот и кога.

„Изгледа како да било само шега, но можело да биде многу полошо, на пример некаков вид експлозивна направа. Не знаеме како телефонот стигнал таму“, изјави неименуван член на британската безбедносна служба.

ИЗДВОЕНИ