Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, ќе ги брани боите на нашата земја на претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Токио, од 13 септември до 21 септември.
Ивановски минатата година настапи на маратонската трка на ОИ во Париз, годинава имаше неколку добри резултати на маратонските трки, успевајќи да освои доволно бодови во рангирање во пресрет на светскиот шампионат.
Светската атлетска федерација ја објави и конечната листа на маратонци кои добиваат покана за настап во Токио, рангирање на кое Дарио се наоѓа на 75 позиција.