Тренерот на Хапоел ТА, Димитрис Итудис, беше видливо фрустриран откако неговиот тим претрпи втор последователен пораз во Евролигата.

Баерн Минхен, тим за кој игра и нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, доминираше во Тел Авив и славеше лесна победи со 79:64 против еден од лидерите во Евролигата, што наводно доведе до тоа Итудис да одржи долг говор во соблекувалната по натпреварот од 25. коло.

Според Ное Поплингер од „Спорт5“, играчите, раководството, тренерскиот персонал и сопственикот на клубот останале во соблекувалната повеќе од два часа, напуштајќи ја салата околу 1:25 часот.

Дополнителна тензија предизвика и фактот што Итудис не се појави во своето вообичаено интервју за Евролига ТВ по натпреварот, ниту, пак, присуствуваше на прес-конференцијата по поразот.

Инаку, Димитријевиќ го заврши мечот со 11 поени.

ИЗДВОЕНИ