Екипата на Хапоел Тел Авив оствари голем триумф во Софија, совладувајќи го Партизан со 97:84 во рамки на 7. коло од Евролигата. Израелците одиграа одлично второ полувреме и со тоа им го нанесоа на „црно-белите“ четвртиот пораз сезонава.
Тренерот на Хапоел, Димитрис Итудис, беше исклучително задоволен од играта на својот тим и ги пофали сите играчи, особено нагласувајќи го тимскиот дух и длабочината на составот.
- Сакам да му честитам на тимот за уште една победа и за начинот на кој го завршивме натпреварот. Имавме седум играчи со двоцифрен број на поени и успеавме да се вратиме во второто полувреме, што беше вистинска приказна за нас. На земја сме, не летаме – ова е маратон и само градиме нешто што ќе ни донесе резултати во иднина, порача Итудис.
Победа во ова коло оствари и Монако на тешкото гостување кај Олимпијакос со 87:92.










