Итно се повлекува шеќер од хрватскиот пазар

85

Хрватскиот државен инспекторат ги информираше потрошувачите на својата веб-страница за повлекување на производот ТАЈЛАНДСЕР ПАЛМИН ШЕЌЕР, 200 г, со рок на траење од 24.05.2026 година. Шеќерот се повлекува од полиците поради зголемени количини и необележани сулфити во производот.

Производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 1333/2008 на Европскиот парламент и Советот од 16 декември 2008 година за прехранбени адитиви и Регулативата за информирање на потрошувачите за храната, со која се изменува Регулативата (ЕЗ) бр. 1924/2006 и (ЕЗ) бр. 1925/2006 на Европскиот парламент и Советот и со која се укинуваат Директивата на Комисијата 87/250/ЕЕЗ, Директивата на Советот 90/496/ЕЕЗ, Директивата на Комисијата 1999/10/ЕЗ, Директивата 2000/13/ЕЗ на Европскиот парламент и Советот, Директивата на Комисијата 2002/67/ЕЗ и 2008/5/ЕЗ и Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 608/2004, велат на веб-страницата на Државниот инспекторат.

Шеќерот го произведува „Фуд Специјализ“ од Тајланд, го увезува „Хојшен и Шруф“ од Холандија, а во Хрватска го дистрибуира „ПАН АЗИЈА од Загреб.

ИЗДВОЕНИ