Водителот и автор на емисијата „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ, бил итно хоспитализиран, дознава српски „Блиц“.
Жика Јакшиќ беше итно хоспитализиран поради проблеми со крвните садови, а неговата состојба е стабилна.
Тој останува во болница за да можат лекарите да ја следат неговата понатамошна состојба и да му препишат терапија, но како што дознава „Блиц“, водителот се чувствува подобро и е надвор од животна опасност.












