понеделник, јануари 26, 2026
Дома СВЕТ Итна акција на Белата куќа: Трамп го испраќа „царот на границата“ во...

Итна акција на Белата куќа: Трамп го испраќа „царот на границата“ во Минесота

132
Фото: EPA

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе го испрати главниот координатор за граници и имиграција, Том Хоман, познат како „цар на границата“, во Минесота, откако агентите на Службата за имиграција и царина (ICE) го убија Алекс Прети.

– Хоман не бил вклучен во настаните во областа, но познава и сака многу луѓе таму. Том е строг, но фер и ќе ми поднесува извештаи директно – објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Белата куќа објави дека Хоман ќе помогне во водењето на истрагите за измами во државата.

– Том Хоман ќе управува со операциите на ICE на терен во Минесота и ќе се координира со другите во врска со тековните истраги за измами – изјави портпаролката Каролин Левит за CNN.

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, изјави дека е подготвен да соработува со високиот граничен службеник Том Хоман, кој е испратен во градот од претседателот Доналд Трамп, но под услов Хоман да дојде за конструктивна соработка со локалните власти, пренесува „Скај њуз“.

„Доколку Том Хоман е тука за конструктивно да се ангажира со локалните лидери и да најде заедничка основа, го поздравувам тој разговор“, рече Фреј, додавајќи дека „неговата врата е отворена“.

Тој наведе дека, сепак, ако Хоман се фокусира на ескалација на тензиите или ширење дезинформации, на Минеаполис тоа не му е потребно.

Најновото пукање се случи еден ден откако десетици илјади луѓе маршираа низ центарот на Минеаполис во знак на протест против присуството на агенти на ICE во градот.

Претходниот инцидент се случи на 7 јануари кога агент на ICE ја застрела и уби американската државјанка Рене Гуд.

ИЗДВОЕНИ