
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, објави дека ќе свика итен состанок на Европскиот совет во наредните денови, во светлината на најновите значајни настани, со порака дека ЕУ останува обединета во поддршката на Данска и Гренланд, како и во одбраната на меѓународното право.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, објави дека ќе свика итен состанок на Европскиот совет во наредните денови, „во светлината на најновите значајни настани и со цел понатамошна координација“.
Кошта изјави дека ја донел одлуката по консултациите со лидерите на земјите-членки на Европската Унија, за време на кои, како што рече, била потврдена силна посветеност на клучните заеднички принципи.
Тие вклучуваат: единство во почитувањето на меѓународното право, како и територијалниот интегритет и суверенитет на државите; единство и солидарност во поддршката на Данска и Гренланд; заедничка проценка дека воведувањето царини би ги загрозило трансатлантските односи и би било спротивно на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД; подготвеноста на Европската Унија да се брани од каква било закана; подготвеноста да продолжи конструктивен дијалог со Соединетите Американски Држави за сите прашања од заеднички интерес.
Кошта не го прецизираше точниот датум на вонредниот самит на ЕУ, наведувајќи само дека тој ќе се одржи „во наредните денови“.











