Италијанскиот тинејџер Карлo Акутис, познат како „Божји инфлуенсер“, прогласен за светец

37
EPA/MASSIMO PERCOSSI

Папата Лав XIV денес го прогласи тинејџерот Карло Акутис (15), кој користел технологија за ширење на верата и бил наречен „Божји инфлуенсер“, за прв милениумски светец на Католичката црква.

Папата го канонизираше Карло Акутис, кој почина во 2006 година, за време на миса на отворено на плоштадот Свети Петар во Ватикан, на која присуствуваа десетици илјади луѓе, многу од нив милениумци и парови со мали деца, објави АП.

За време на првата канонизирачка миса од неговиот понтификат, Лав XIV го канонизираше и Пјер Џорџо Фрасати, кој исто така почина млад. Еден час пред мисата, плоштадот Свети Петар веќе беше полн со аџии, од кои многумина беа млади италијански милениумци кои во Акутис пронајдоа модел со кој можат да се идентификуваат.

Облечен во фармерки, патики „Најк“ и дуксер со качулка, со рацете склопени околу бројаница, Акутис создаде слава речиси како рок-ѕвезда меѓу младите верници, каква што Католичката црква не видела со години.

Италијански тинејџер во недела ќе стане „првиот католички светец на дигиталното доба“: Кој беше Карло Акутис?

ИЗДВОЕНИ