Северноатлантскиот договор (НАТО) повеќе нема причина да постои, бидејќи Атлантскиот Океан повеќе не е центар на светот, изјави денес италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.
– НАТО повеќе нема причина да постои. „Некогаш центарот на светот беше Атлантскиот Океан, сега тоа е светот“, рече Кросето за време на говорот на Универзитетот во Падова.
Тој истакна дека САД и Европа порано беа центар, додека сега мора да изградиме однос со остатокот од светот, пренесува Анса.
– НАТО е создаден за да гарантира мир и меѓусебна одбрана и станува организација која ја презема таа задача преку разговор со глобалниот југ. „Мора да стане нешто длабоко различно, или нема да ја постигнеме целта за безбедност во рамките на правилата што важат за сите“, заклучи Кросето.