петок, февруари 6, 2026
Дома МАГАЗИН Италијански суд одобри промена на полот за 13-годишно момче

Италијански суд одобри промена на полот за 13-годишно момче

36

Момче (13) од една од лигурските покраини добило одобрение од италијански суд, по жалбата на неговите родители, да го промени својот пол, што го прави најмладата личност во земјата која го променила својот пол, објавува агенцијата „Анса“.

Со судската одлука се завршува процесот на промена на полот што започна во 2021 година за една од две сестри близначки, која, со одобрение на нејзините родители, го промени својот пол од девојче во момче.

Благодарение на судската одлука во лигурскиот град Ла Специја, со која се наложува корекција на неговиот извод од книгата на родените, државата го призна како маж, и тој е најмладата личност во Италија која го завршила процесот на промена на полот од женски во машки.

ИЗДВОЕНИ