Салвини, исто така, рече дека нападот во Модена, во кој беа повредени осум лица, од кои четворица се во сериозна состојба, е поврзан со имиграцијата, објави „Анса“.
Осомничениот, Салим ел-Кудри, удрил неколку пешаци со својот автомобил во централниот италијански град во саботата, а потоа нападнал минувач со нож, објави претходно „Би-би-си“.
Партијата „Лига“, чиј лидер е Салвини, предложи измена на законот за дозволи за престој на мигранти, со проценка дека во случај на злоупотреба на доверба, дозволите треба да се поништат и да се изврши депортација.
Ел Кудри, кој е роден во областа Бергамо и е италијански државјанин, е обвинет за обид за масовно убиство и предизвикување тешки телесни повреди, но не и за тероризам, пренесе „Танјуг“.












