Лекарите во Детската болница „Бамбино Џезу“ во Рим успешно отстранија тумор од 800 грама од телото на предвреме родено бебе, веднаш по нејзиното раѓање во 30-тата недела од бременоста, пренесува „Танјуг“.
Туморот, познат како сакрокоцигеален тератом, е редок, претежно бениген израсток кој се развива во долниот дел од ‘рбетниот столб, во пределот на опашната коска.
Во овој случај, туморот брзо растел, што можело да предизвика сериозни компликации за фетусот, поради што лекарите одлучиле да извршат две сложени хируршки процедури, објавува агенцијата „Анса“.
Како што објави болницата, првата процедура, интраутерина (во матката), била извршена во 28-та недела од бременоста во болницата „Сан Пјетро Фатебенефратели“, во соработка со тимот на клиниката „Бамбино Гезу“. Хирурзите користеле ласерска коагулација за да ги затворат крвните садови што го хранат туморот, со цел да го забават неговиот раст.
Втората процедура била извршена веднаш по раѓањето, со царски рез, кога бебето тежело само 1,9 килограми.
Туморот со тежина од околу 800 грама бил успешно отстранет во тричасовна операција, за време на која била реконструирана и пределот на кокцигеумот.
Бебето е во добра клиничка состојба, дише самостојно, јаде нормално и наскоро ќе биде отпуштено дома, велат лекарите.