Најпријатното изненадување во Евролигата минатата сезона, екипата на Париз, за која настапуваше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, доби нов тренер. Станува збор за италијанскиот стручњак Франческо Табелини.

Париз испиша историја во европската кошарка со Томас Исало, освојувајќи го Еврокупот, а потоа стигна до Евролигата, каде што за малку не играше во фајнал-форот.

Но, тимот, очигледно ,полека се распаѓа. Шортс отиде во Панатинаикос, Хејс во Монако, се очекува Хифи и Ворд да си заминат, а тренерот Тијаго Сплитер замина во Портланд за да работи со Чонси Билапс.

Сега, со нов тренер до нови предизвици. Доаѓа Италијанецот што ја изгради својата кариера во Тревизо, а потоа отиде во Чешка и постигна одлични резултати со Нимбурк – и во домашното првенство и во Лигата на шампионите. Се карактеризира со големо темпо, брза и атрактивна кошарка и со систем што совршено се вклопува во плановите и целите на Париз.

Ќе видиме дали ветувачкиот тренер почетник Табелини ќе може да продолжи да го води Париз по нагорна траекторија како што го правеа тоа Сплитер и Исало.

ИЗДВОЕНИ