Италија е во состојба на безбедносна готовност

111

Италија е во состојба на висока готовност откако Соединетите Држави извршија напади врз ирански нуклеарни цели во текот на викендот, со посебен надзор на локациите поврзани со САД и Ватикан во текот на јубилејната година.

Засилени се мерките за безбедност и во американските бази во Италија, пренесува Анса.

Италијанската премиерка Џорџи Мелони одржа конференциски повик со високи членови на нејзината влада во неделата за да ја процени ситуацијата.

Мелони е во контакт и со светските лидери и во неделата разговараше со британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Таа денеска ќе поднесе извештај пред парламентот пред самитот на НАТО утре и состанокот на Советот на ЕУ во четврток, јави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ