По само три дена на ЕМОФ, италијанските натпреварувачи успеаја да освојат вкупно 19 медали, со што е најуспешната земја на Фестивалот кој се одржува во Скопје. Од нив, девет се златни медали, а имаат и по пет сребра и исто толку бронзи на досега завршените натпреварувања.

Втора според успешноста е Шпанија, која во досега одиграните натпреварувања се закити со пет злата, осум сребра и четири бронзи, додека Унгарија е трета со шест златни, една бронза и седум сребрени медали. Во ТОП10 се уште и Франција и Велика Британија, кои имаат по девет медали, Турција и Швајцарија имаат по осум, Полска – седум, додека Азербејџан и Белгија имаат по шест одличија на ЕМОФ 2025.

Нашата делегација сè уште не освои медал на Младинскиот фестивал во Скопје, а се надеваме дека тоа ќе се промени во наредните неколку дена и дека конечно ќе дојдеме до медал на големиот спортски настан.

ИЗДВОЕНИ