Истрагата за пожарот во Кран Монтана ќе биде проширена и на локалните власти

27
EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Швајцарската кривична истрага за смртоносниот пожар во бар во ски-центарот Кранс-Монтана ќе биде проширена на локалните власти, изјави адвокат кој ги застапува дел од жртвите. Во пожарот што избувна во барот „Ле Констелашн“ на новогодишната ноќ загинаа 40 лица, повеќето од нив тинејџери, а 116 беа повредени, објави Ројтерс.

Адвокатот Ромен Жордан, кој застапува повеќе од 20 жртви, рече дека ќе бара отштета до неколку милиони за секоја повреда и до 100.000 швајцарски франци за секоја смрт.

„Нема сомнение дека општината мора да биде вклучена во истрагата и дека нејзините службеници мора да дадат одговори“, рече Жордан, додавајќи дека очекува вкупниот износ на отштета да достигне стотици милиони франци.

Тој рече дека планира да побара пристап до документи и преписка што би можеле да фрлат светлина врз пропустите во спроведувањето на безбедносните мерки.

Француските сопственици на барот, Жак Морети и Џесика Морети, моментално се под истрага под сомнение за убиство од небрежност. Градоначалникот на Кран Монтана, Николас Феро, призна дека објектот не ги поминал неколкуте годишни безбедносни инспекции.

ИЗДВОЕНИ