Пентагон започна кривична истрага за протекување на доверлив извештај од Агенцијата за одбранбено разузнавање, која процени дека штетата врз нуклеарните објекти на Иран од воздушните напади на САД не ја попречила значително нуклеарната програма на Техеран.
„Моментално спроведуваме истрага за протекување на информации со ФБИ бидејќи овие информации се наменети за внатрешни цели, проценки на штетите во битка“, изјави министерот за одбрана Пит Хегсет на самитот на НАТО.
Министерот рече дека извештаите во печатот во кои детално се опишуваат наодите имаат за цел да го направат американскиот претседател Доналд Трамп лажго.
Хегсет не даде детали за истрагата, но ја потврди проценката на доверливата разузнавачка служба и нејзините наоди, велејќи дека нејзините заклучоци се со „ниска веродостојност“.
Патем, коментарите дојдоа откако и Трамп и Марко Рубио ги нарекоа вестите лажни приказни.
„Штетата врз објектите беше умерена до обемна и веруваме дека е многу поверојатно дека била обемна и дека објектите биле уништени“, рече Хегсет.
Во средаta, Рубио за Политико изјави дека Иран сега е далеку од производство на нуклеарно оружје откако САД фрлија 14 бомби врз три од главните нуклеарни постројки на Иран. Тој додаде дека суштината е дека тие се многу подалеку од производство на нуклеарно оружје денес отколку што беа пред претседателот да преземе оваа смела акција.
„Значителна, многу значајна штета беше предизвикана на различни компоненти“, рече Трамп.
Трамп рече дека Иран „нема да има бомба и нема да збогатува ураниум по нападот“.
Портпаролот на израелската армија, бригаден генерал Ефи Дефрин, во среда изјави дека е прерано да се проценат резултатите од операцијата, но верува дека нуклеарната програма на Иран е зададен значителен удар, враќајќи ја неколку години назад.