Историско откритие во медицината? Трамп: Мислам дека го пронајдовме одговорот за аутизмот

46

Американскиот претседател Доналд Трамп објави за време на говорот на комеморацијата за Чарли Кирк дека денес ќе соопшти важна вест од Овалната соба.

„Ќе имаме еден од најголемите медицински откритија во историјата на нашата земја. Мислам дека ќе помислите дека е неверојатно. Мислам дека го пронајдовме одговорот за аутизмот“, рече Трамп.

Иако не прецизираше што планира да каже за аутизмот, Трамп нагласи дека неговата администрација „нема да дозволи тоа да се случува повторно“.

„Мислам дека ова ќе биде една од најважните прес-конференции што некогаш ќе ги имам и навистина се радувам на неа“, рече тој, додавајќи дека верува оти и Кирк би се радувал на настанот.

Се очекува Трамп да објави дека развојот на аутизам кај децата е поврзан со употребата на лекот против болки Тиленол за време на бременоста, заедно со ниските нивоа на фолат, витамин кој е важен за правилен развој на мозокот и ‘рбетот на бебето.

Фолната киселина, форма на фолат позната и како леуковорин, исто така ќе биде спомената како начин за намалување на симптомите на аутизам. Додатоците на фолна киселина веќе се препорачуваат за време на бременоста за да се спречат дефекти на невралната туба, како што е спина бифида, кај доенчињата.

Тиленол, заштитното име за генеричкиот лек против болки ацетаминофен, е широко користен во САД, вклучително и за време на бременоста. Здравствените власти планираат да ги предупредат жените да не го користат лекот во раната бременост освен ако немаат треска, објави „Вашингтон пост“.

ИЗДВОЕНИ