Екипата на Њујорк никс славеше над Бруклин нетс со 120:66 во рамките на НБА-лигата. Овој пат не гледавме градско дерби, туку доминација на едниот тим, кој уште еднаш покажа кој е шеф во Големото Јаболко.

Триумфот на Њујорк со 54 поени разлика е најголем во историјата на познатата франшиза.

Никс, како и обично, беше предводен од Џејлен Брансон со 20 поени, 4 скока и 5 асистенции, Ландри Шемет имаше 18, додека на спротивната страна прво име беше Мајкл Портер Јуниор со 12 поени.

Резултати: Шарлот – Кливленд 87:94, Бостон – Индијана 119:104, Њујорк – Бруклин 120:66, Мемфис – Атланта 122:124, Њу Орлеанс – Детроит 104:112, Милвоки – Оклахома 102:122, Сакраменто – Торонто 109:122.

ИЗДВОЕНИ