Тимот на Сан Антонио спарс ја отвори НБА-сезоната на фантастичен начин, а на дуелот против Мајами запиша историски триумф (107:101) со кој дојде до скор од 5:0, нешто што досега не му се случило.
До победата ги предводеше одличниот француски кошаркар, Виктор Вембањама, со 27 поени, 18 скока и шест асистенции. Стефон Касл постигна 21 поен со 6 скока и 8 асистенции, додека Девин Васел постигна 17 со 9 скока. На спротивната страна, Бем Адебајо имаше учинок од 31 поен и 10 скока.
Милвоки ги победи Голден стејт со 120:110, додека Оклахома славеше над Вашингтон со 127:108. Орландо ја забележа единствената победа на гости, совладувајќи го Шарлот со 123:107.





