
Турција ja забележа највисоката температура во својата историја од почетокот на метеоролошките мерења, дури 50,5°C, објави организацијата Severe Weather Europe.
Историскиот рекорд е измерен во регионот Силопи, на југоистокот од земјата, недалеку од границите со Ирак и Сирија, во време кога исклучително силен и долготраен топлотен бран ги погодува Југоисточна Европа и Балканот, при што температурите често надминуваат 45°C.
Според извештајот на Severe Weather Europe, областа редовно доживува екстремна топлина поради влијанието на сувите и топли воздушни маси што доаѓаат од Блискиот Исток. Новиот рекорд сè уште чека официјална потврда од Турската метеоролошка служба (TMG). Доколку се потврди, тој ќе ги надмине претходните 49,5°C, измерени во Џизре во 2021 година.
Овој рекорд дополнително ја истакнува сериозноста на климатските промени и екстремните временски услови што сè повеќе влијаат на светот, особено на јужна Европа.