петок, февруари 27, 2026
Дома СВЕТ Историски преседан во ОН: Додека Трамп ги критикува, Меланија ќе претседава со...

Историски преседан во ОН: Додека Трамп ги критикува, Меланија ќе претседава со состанокот

48

Меланија Трамп, сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) на 2 март, потврди Белата куќа, додавајќи дека Соединетите Американски Држави (САД) го преземаат претседателството со тоа тело на ОН во текот на март.

Меланија Трамп ќе ја истакне важноста на образованието како начин за промовирање на толеранција и мир во светот на дебатата „Деца, технологија и образование во конфликт“, соопшти нејзината канцеларија во Белата куќа.

Медиумите известуваат дека нејзиното обраќање е продолжение на нејзиниот неодамнешен дипломатски ангажман и активизам поврзан со децата погодени од војната во Украина, украинските и руските деца кои се вратени во своите семејства.

ИЗДВОЕНИ