Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс продолжуваат со своите добри настапи во НБА-лигата, а последен што падна пред нив е тимот на Јута џез. „Езерџиите“ славеа со 140:125 (27:36, 40:35, 37:22, 36:32“, а натпреварот беше обележан од Леброн Џејмс. Американскиот ветеран го имаше своето деби оваа сезона и така ја започна својата 23. сезона во кариерата, во најсилната кошаркарска лига во светот, со што постави рекорд во НБА. Со тоа, тој го надмина Винс Картер, кој одигра 22 сезони на елитното натпреварување.

Единствен што теоретски би можел да го надмине е Крис Пол, кој моментално ја игра својата 21. НБА-сезона.

Џејмс одигра речиси 30 минути и постигна 11 поени со 12 асистенции и три скока.

ИЗДВОЕНИ