Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Кралот Чарлс III во рамки на престојот во Лондон.
Премиерот информираше дека разговорот бил искрен и содржаен, а темите опфатија пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство, стабилноста, развојот и заштитата на природата – области на кои Кралот Чарлс III со години посветува особено внимание.
- Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Средбата се одржа во рамките на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, кој годинава се организира во Лондон под покровителство на британскиот премиер Кир Стармер.
Покрај Мицкоски, македонската владина делегација ја сочинуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани.











