Историски момент: Кралот Чарлс ќе биде првиот британски монах по повеќе од 500 години што ќе се моли заедно со папата во Ватикан

661
EPA/TOLGA AKMEN

Британскиот крал Чарлс III и папата Лав XIV ќе се молат во Систинската капела следната недела, првпат папа и британски монарх го прават тоа заедно од Реформацијата во 16 век, објавува Би-Би-Си.

Историскиот момент ќе се случи следната недела, за време на државната посета на кралот Чарлс и кралицата Камила на Ватикан.

Систинската капела, насликана од Микеланџело, ќе биде домаќин на свештеници и хорови од Римокатоличката црква и Англиканската црква, чиј поглавар е британскиот монарх.

Посетата се смета за важен симбол на помирување, објавува Би-Би-Си, додавајќи дека државната посета на Ватикан била одложена поради здравствената состојба на претходниот папа Франциск.

Државната посета на 22 и 23 октомври ќе вклучува состаноци и служби што ќе ги истакнат добрите односи меѓу Англиканската црква и Католичката црква.

Според извори од Бакингемската палата и Англиканската црква, немало сличен момент во кој британски монарх и папата се молеле заедно, на заедничка црковна служба, откако Хенри VIII се отцепил од Рим во 16 век.

ИЗДВОЕНИ