Историската црква „Вонделкерк“ во Амстердам не може да се спаси

53
pexels

Историската црква „Вонделкерк“ во Амстердам ќе остане во сеќавање откако ја проголта пожар во новогодишната ноќ.

Властите соопштија дека не може да се спаси црквата.

– „Вонделкерк“ повеќе не може да се спаси. Целата црква е во пламен. Постои можност целосно да се сруши – изјави портпаролката на Веилигхедсреги Амстердам-Амстелант додека беснееше огнот.

Во пожарот што целосно ја зафати црквата стара 154 години се срушија делови од  кулата и покривот. Жртви и повредени нема, но беа евакуирани жителите на 90 куќи во близина. Причината за пожарот сè уште не е позната. Локални жители шпекулираат дека може да е предизвикан од огномети, но нема потврда од противпожарната служба.

Објектот дизајниран од архитектот Пјер Киперс и изграден во 1872 година служел како католичка црква до 1977 година, а денес е национален споменик што се користи за специјални пригоди и за мали бизниси.

 

ИЗДВОЕНИ