Индијана е поразена на седмиот натпревар од финалето на НБА, од Оклахома со 103:91, со што го загуби шампионскиот прстен. Тешко е да се предвиди каков ќе беше исходот доколку тимот на Рик Карлајл не го снајдеше вистински ужас во првата четвртина, кога Тајрис Халибартон мораше да го напушти теренот. Тој ја повреди Ахиловата тетива на петтиот натпревар, но успеа да се врати за оваа серија. Играше и сега, одлично го отвори натпреварот со три тројки, но потоа, при еден пробив, се здоби со повреда. Тој остана да лежи на паркетот во солзи, лекарскиот тим веднаш дотрча, како и многу други. Тој плачеше во немоќ. Не можеше да се врати на натпреварот и го напушти теренот на патерици.
За да биде работата уште побизарна, тој не е првиот што има претрпено ваква повреда на плејофот. Истото им се случи и на Дамијан Лилард и на Џејсон Тејтум, но тука започнува бизарноста. Имено, сите тројца се од Истокот, но и сите тројца го носат бројот „0“. Би се рекло дека останал проколнат тој број за кошаркарите од Источната конференција.