понеделник, јануари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Истибањско здравоживо“ во Виница

„Истибањско здравоживо“ во Виница

107

Со пригодна изложба во Домот на културата во селото Истибања –општина Виница, денеска започна јубилејниот четириесетти Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ во рамки на кој се слави традицијата, културата и фолклорното богатство, а кој четири децении ги обединува срцата на љубителите на народната уметност.

Фолклорниот фестивал ќе трае до среда, а ќе изобилува со повеќе настани. Утре во 16:00 часот е предвидено заедничко оро на сите учесници, а во 16:30 е фолклорно дефиле низ Истибања.

Официјалното отворање е во 18:00 часот, а во 21:00 часот е македонската фолклорна вечер. 

Наредниот ден, недела, во 15:30 часот, е регионалната смотра СОФАМ-ЦИООФ Македонија, која ќе се одржи на плоштадот „Ангел Винички“ во Виница, по што во 21:00 часот следува национална вечер.

В  понеделник, во 17:30 часот ќе има дефиле низ селото Оризари, по што во 18:00 часот ќе има настап на плоштадот во Оризари, а во 21:00 часот е националната вечер.

Последниот ден од фестивалот, во 17:00 часот, ќе има фолклорно дефиле низ Виница, а во 17:30 часот е заедничкото оро на сите учесници. На плоштадот „Ангел Винички“ во Виница, во 18 часот е предвиден галаконцерт, а Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ ќе биде затворен со заедничко оро на сите учесници со публиката во 19:30 часот.

ИЗДВОЕНИ