EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Украинскиот претседател Володимир Зеленски о понеделникот разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за деталите од претстојниот состанок во Истанбул, кој ќе се одржи со учество на рускиот претседател Владимир Путин на 15 мај.

„Разговарав со претседателот Ердоган. Разговаравме за клучните детали од средбата во Турција, која може да помогне да се стави крај на војната. Благодарен сум за поддршката и подготвеноста да се промовира дипломатијата на највисоко ниво. И двајцата гледаме потреба од прекин на огнот“, наведе Зеленски на Телеграм, пренесува Укринформ.

Зеленски истакна дека е неопходно и партнерите да обезбедат следење на прекинот на огнот.

„Подготвени сме за директни преговори со Путин. И многу е важно сите заедно да работиме во Европа за да обезбедиме долгорочна безбедност. Ќе бидеме во постојан контакт со САД. Се договоривме со претседателот Ердоган да продолжиме да работиме заедно за да обезбедиме мир“, додаде Зеленски.

Украинскиот лидер претходно изјави дека го поддржува присуството на американскиот претседател Доналд Трамп на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Истанбул, наведува украинската агенција.

ИЗДВОЕНИ