Како во напнат трилер, во недела наутро, за само седум минути, група крадци извршија неверојатна кражба во најпознатиот музеј во светот, Лувр. Според извештајот на CNN, крадците украле „непроценливи“ парчиња накит од галеријата Аполо, делот од музејот каде што се сместени кралските скапоцености на Франција.
Во времето на овој голем грабеж, новинарот и репортер на ХРТ, Крешимир Волариќ, бил во познатиот музеј. Тој влегол во Лувр точно во 9:30 часот наутро и прво решил да го истражи приземјето на музејот. Потоа отишол да ја разгледа колекцијата француски слики на првиот кат од музејот и набрзо забележал дека се случува нешто необично, пишува 24 сата.
Tврделе дека станува збор за технички проблем
Според новинарот, вработените во музејот набрзо почнале да ги насочуваат посетителите кон излезот и да ги затвораат музејските простории додека се празнeле. Репортерот на ХРТ се обидел да открие што се случува и кои се причините за ваквото однесување, но не добил одговор од помладите вработени сè додека еден од постарите не одговорил дека станува збор за технички проблем, па дури и му намигнал.
По ова, Волариќ сфатил дека не станува збор за некаков технички проблем, а тоа станало јасно и кога набрзо пристигнале припадници на војската и полицијата. Наскоро сите посетители биле однесени кон излезот и морале да ги напуштат просториите на музејот, а се формирала голема редица додека сите се туркале кон излезот.
Тој додаде дека туристите од Соединетите Американски Држави биле во паника, додека Европејците биле мирни. Шетајќи низ Париз подоцна во текот на денот, забележал многу полицајци на улиците, но не бил сигурен дали тоа е поврзано со грабежот.