На покана на Фондацијата IFRS Лондон, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) за првпат ја претставуваше Македонија на глобалната конференција „Глобални поставувачи на стандарди“, организирана од страна на оваа реномирана глобална фондација. Конференцијата, која важи за најпрестижен светски настан посветен на меѓународните сметководствени стандарди, обедини повеќе од 130 делегати од 70 држави од Европа, Азија, Африка, САД и Австралија.

Учеството на делегацијата на ИСОС беше поздравено како посебно достигнување, со оглед на тоа што по 13 години, ги преведе меѓународните сметководствени стандарди (МСФИ) и тие можат да се имплементираат. Со преводот на новите МСФИ, компаниите во земјава повеќе немаат обврска за двојно известување.

– Присуството на оваа конференција не е само чест, туку и потврда дека ИСОС и државата направија важен чекор кон приклучување кон глобалната заедница на сметководствени професионалци. Учеството на иста маса со највлијателните креатори на стандарди е признание за нашата работа, но и обврска да продолжиме да го унапредуваме квалитетот и транспарентноста на финансиското известување. Веруваме дека ова е темел врз кој ќе градиме посилна професија и поконкурентна економија – истакна Весна Прентоска, претседателка на ИСОС.

ИЗДВОЕНИ