петок, јануари 30, 2026
Дома СВЕТ Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз воздухопловната база во Нигер

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз воздухопловната база во Нигер

40

Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз воздухопловната база во главниот град на Нигер, Нијамеј, во кој беа ранети четворица војници и беше оштетено едно летало.

Тврдењето беше изнесено во соопштение од новинската агенција Амак, пропагандната гранка на Исламската држава, која рече дека станува збор за „ненадеен и координиран напад“ за кој рече дека предизвикал „големи жртви“, објави АП.

Државната телевизија на Нигер соопшти дека безбедносните сили брзо реагирале на нападот, кој започна рано во четврток, при што загинаа 20 напаѓачи и беа уапсени уште 11 други.

ИЗДВОЕНИ