Искусни планинари први на први јануари го освоија врвот Пелистер

20

Искусните македонски планинарки и планинари и нивните гости планинари од Црна Гора и од Германија први на први јануари го освоија врвот Пелистер, висок 2.601 метар.

Планинарот Иванчо Тошевски, воедно и директор на Националниот парк „Пелистер“, истакна дека го почнале освојувањето на Пелистер во рамките на манифестацијата „Први на први“, на една минута по полноќ.

– Годинава, на нашата петта по ред манифестација „Први на први“ учествуваа планинарки и планинари од 10 града од Македонија, Црна Гора и од Германија. За искачување на врвот Пелистер, тргнавме од локацијата на Инфоцентарот. Нашата цел да се дочека првото изгрејсонце на еден од најубавите видиковци на Балканот успеа, иако имавме ниска температура на воздухот, но ведро небо и полна месечина – изјави Тошевски.

Манифестацијата ја организираше „Олимпус монс“ со поддршка од Општина Битола, а во рамките на „Зимска приказна“.

 

ИЗДВОЕНИ