„Искусни крадци“ ограбиле рафинерија за злато во Лион

73

Шест лица се уапсени во врска со грабежот во лабораторија за преработка на скапоцени метали во Лион, објави утрово BFM. Инцидентот се случил во четвртокот попладне во лабораториите „Пуркри“ кога силна експлозија скршила два прозорци на зградата.

Во времето на грабежот во лабораторијата имало 28 лица, од кои петмина претрпеле полесни повреди, соопштија официјални лица, објави Танјуг.

Според медиумските извештаи, полицијата уапсила шест лица во врска со случајот.

Извор близок до истрагата ги опишал како „искусни крадци“. Украдените предмети – неколку златни прачки – исто така биле пронајдени.

ИЗДВОЕНИ