понеделник, јануари 19, 2026
Дома СКОПСКА Искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната и обиена чуварската куќа во паркот „Бановина“

Искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната и обиена чуварската куќа во паркот „Бановина“

8

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин во паркот „Бановина“, каде што брутално била уништена заедничката сопственост на сите граѓани.

– Искршена е урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа. Паркот „Бановина“ неодамна беше целосно обновен, со нова, современа урбана опрема за уживање на сите генерации. Наместо грижа и почит, сведочиме на несовесно однесување и уништување. Ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција – соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму апелираат до сите граѓани: да го чуваат она што е заедничко, да пријавуваат вандализам и да покажат дека сме зрела и одговорна заедница.

– Само така можеме да имаме уредена, безбедна и достоинствена општина. „Бановина“, а и сите други паркови се за уживање, не за уништување – јасни се од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ