Нема компромис кога станува збор за заштита на водните извори и јавното здравје, порачуваат од Општина Струга. Последните наоди од експертите за изворот во Шум откриваат сериозни проблеми кои ја загрозуваат безбедноста на водата за пиење. Како што истакнуваат експертите, на само 30 метри од резервоарите за вода била формирана дива депонија со големо количество градежен и комунален отпад. Според нив, оваа депонија, создадена со години, претставувала сериозен ризик од бактериолошко и хемиско загадување на подземните води.

По наредба на градоначалникот Менди Ќyра, општината презеде итна интервенција за расчистување на просторот. Акцијата беше реализирана на доброволна основа од страна на компанијата

Стручни тимови на терен анализираа како човечките активности влијаеле на изворот во Шум. Истражувањето опфати локални услови, влијанија и активности во близина на изворите. Главната причина за заматената и загадена вода се длабоките ископувања околу изворот, кои со години го нарушувале природното функционирање на системот. Градоначалникот и експертите оцениле дека овие активности континуирано влијаеле врз системот за водоснабдување, предизвикувајќи матност и загадување на водата.

Центарот за јавно здравје измери значително зголемена матност, над дозволените здравствени параметри, што значи дека водата не е безбедна за пиење и домаќинство. Покрај тоа, Основното јавно обвинителство во Струга започна истражна постапка за утврдување на причините за загадувањето, вклучително и проверка на активности околу изворите. Подетални информации од експертската анализа се очекуваат во иднина преку официјално објавување.

Експертите утврдиле сериозни влијанија од човечки активности врз изворот, водата од изворот „Шум“ беше забранета за пиење поради надминување на дозволените параметри, а стручните тимови продолжуваат со анализа за точните механизми на оштетување и континуирано следење на состојбата.

(С. Бл.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ