Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ во недела ќе организира искачување на врвот „Здрваец“
Движењето ќе биде по патеката на Николина, од последната автобуска станица во селото Љубанци и заобиколно ќе се искачи врвот Здравец на надморска височина од 1.560 метри.
Стартот на турата ќе биде во 07:45 часот од последната автобуска станица во Љубанци. До таму може да се дојде со сопствен превоз или со автобусот со број 47 кој тргнува од Транспортниот центар во 07:10 часот, додека,автобус за назад има во 16:45 или во 18:00 часот.
-Турата ќе биде средно тешка, додека екстра тешка за почетници планинари. Патеката е е долга 20 километри, со висинска разлика од 1.000 метри. Од опрема ви се потребни разгазени гојзерици, облека според временските услови, кабаница за заштита од дожд, стапчиња за помош при движење по патеката, вода и храна според своите потреби, челна ламба и торба за собирање билки или печурки – соопштија од „Убавините на Скопска Црна Гора“.
Движењето по патеката ќе биде во група, според темпото на најспориот учесник и ќе се прават повеќе кратки паузи.