Искачување на Јеленина Глава

21

Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ в четврток ќе организира искачување на врвот Јеленина Глава, на надморска височина од 1.245  метри.

Предвидено е движењето да се одвива од Бањани по дел од зимската патека до самиот врв Јеленина Глава и назад по дел од манастирска патека 1 до Бањани.

Стартот на турата ќе биде во 07:15 часот од чешмата во Бањани, која е во близина на црквата „Свети Ѓорѓи“. Дотаму може да се дојде со сопствен превоз или со автобусот со број 71 кој тргнува од Транспортен центар во 06:40 часот, додека автобус за назад има во 15:20 или 17:00 часот.  

Патеката е средно тешка, долга е 15 километри, со висинска разлика од 700 метри.

– Од опрема ви се потребни разгазени планинарски патики, облека според временските услови, кабаница за заштита од дожд, стапчиња за помош при движење по патеката, вода и храна според своите потреби и торба за собирање билки или печурки. По патеката ќе правиме повеќе кратки паузи и ќе се движиме во група според темпото на најбавниот учесник на турата – соопштија од здружението  „Убавините на Скопска Црна Гора“.

 

З

ИЗДВОЕНИ