Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ в недела во 7:45 часот ќе организира искачување до ливадите под врвот Здравец, на надморска височина од 1.560 метри.
Движењето ќе биде од последната автобуска станица во Љубанци, по костените и заобиколно до ливадите под Здравец.
До последната автобуска станица во Љубанци може да се дојде со сопствен превоз или со автобусот со бројот „47“, кој тргнува од Транспортниот центар во 07:10 часот, додека автобус за назад има во 16:30 часот.
– Турата е среднотешка, бидејќи има искачување и спуштање од 700 метри, исто како на Водно. Патеката е долга 15 километри – информираат од „Убавините на Скопска Црна Гора“.
Од опрема ви се потребни: разгазени гојзерици, облека според временските услови, мантил за заштита од дожд, челна ламба или друг вид извор на светлина, вода и храна според своите потреби, стапчиња за помош при движење по патеката.
При движење по патеката, ќе се прават повеќе кратки паузи и една поголема пауза, на средина од патеката.






