Поранешниот НБА кошаркар Демаркус Казинс распали по Мемфис Гризлис и Њу Орлеанс Пеликанс, за кои вели дека треба да се иселат од градовите во кои настапуваат.
- Мислам дека е време. Беше време пред пет или шест години, особено за Њу Орлеанс. Таму има 36 луѓе кои ги гледаат натпреварите, пуканките чинат еден долар, седиштето покрај теренот чини 25 долари… Нема успех, порача Казинс.
Тој особено нагласи дека е време да се „затворат“ две познати франшизи во кошарката и американскиот фудбал во тој град.
- Кога ќе ги погледнете Пеликанс, тие се дел од истиот пакет како Њу Орлеанс Сеинтс (НФЛ тим). Ниту еден од тие два тима нема успех, време е. Затворете го и продолжете понатаму. Навивачи? Нема навивачи, има 30 луѓе на натпреварите, додаде контроверзниот кошаркар.
Казинс некогаш беше голема ѕвезда на Сакраменто Кингс, а потоа и соиграч на Никола Јокиќ во доцните години од неговата кариера. Популарниот „Буги“ своевремено играше и за Њу Орлеанс, кого сега го критикува, но немаше некој позачаен успех со „пеликаните“, иако играше заедно со Ентони Дејвис. Тој продолжи во 2018 година, кога се пресели во Голден Стејт, а Пеликанс не беа успешни ниту пред ниту по таа размена.
Во своите 24 години постоење, тимот има негативен резултат во лигашката сезона (831 победа – 937 порази) и учествуваше во плејофот девет пати. Сè уште не успеа да стигне до конференциско финале, во кое е единствен заедно со Шарлот Хорнетс.











