Исчистени и покриени 300 метри од ободниот канал во Арачиново

35

Исчистени се 295 метри од ободниот канал во Арачиново. Каналот, кој досега беше обраснат со вегетација и затнат со отпад, доби нова пропусна моќ, со што се минимизираше опасноста од сезонски поплави.

Проектот е целосно финансиран од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање, во вредност од 63,9 милиони денари.

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, изјави дека со оваа стратешка интервенција се подобрува одводот на атмосферските води за над 12.600 жители, се зголемува безбедноста на населените места и ги штити земјоделските површини од поплавување  не само во Арачиново туку и во соседните општини.

Покрај овој проект, МЖСПП, само во изминатите месеци, инвестираше дополнителни 93 милиони денари за речиси 20-ина проекти за водоснабдување, канализација и заштита од поплави во Арачиново, вклучувајќи и изградба на атмосферска и на фекална канализација во повеќе краци од селото, регулација на речното корито во Мојанци, Грушино и во Орланце, како и пешачки патеки, тротоари и уредување на јавниот простор.

ИЗДВОЕНИ