среда, февруари 4, 2026
Дома СКОПСКА Исчистена голема дива депонија на влезот на Кучевишка Бара

Исчистена голема дива депонија на влезот на Кучевишка Бара

358

Општина Бутел продолжува со чистење на сите места на нејзината територија каде што тоа е потребно.

На барање на граѓаните, иако не е под надлежност на Општина Бутел, исчистена е големата депонија на влезот на населеното место Кучевишка Бара.

– Ова е депонија која е создадена на јавна градска површина и не се преземаше никакви активности за расчистување. Нашата цел е Општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачувување на хигиената. Граѓаните на Општина Бутел заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина – информираат од локалната самоуправа, апелирајќи на одговорно однесување.

 

ИЗДВОЕНИ