петок, јануари 16, 2026
Дома СКОПСКА Исчистена дивата депонија во Крњево

Исчистена дивата депонија во Крњево

77

Службите на Општина Центар целосно ја исчистиле мини дивата депонија во Крњево. Акцијата следува по алармирањето од жителите.

– Со вакви брзи и ефикасни акции, ја потврдуваме заложбата Центар да биде чисто и безбедно место за живеење. Продолжуваме систематски и навремено да реагираме на секој проблем со јавната чистота. Наш приоритет се одржувањето на хигиената и создавањето услови за чиста и безбедна животна средина за сите жители – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој ги повика граѓаните да продолжат да пријавуваат проблеми поврзани со јавната чистота, со цел брза интервенција на службите.

Пријавувањето на смет и диви депонии може да се изврши на телефонските броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

 

ИЗДВОЕНИ