На барање на граѓаните, иако не е под надлежност на Општина Бутел, исчистена е големата депонија на автобуската станица на јавниот градски превоз како и околните улици во близина на Градските гробишта.
Од Општина Бутел велат дека за таа цел била ангажирана и тешка механизација.
–Ова е депонија која е создадена на јавна градска површина. Таа е чистена и претходно речиси десетина пати од Општина Бутел, а Град Скопје не преземаше никакви активности за расчистување. За ваквата алармантна состојба бараме одговорност. Граѓаните не може да бидат заложници на една личност. Одговорност мора да има! Граѓаните на општина Бутел заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина – истакна градоначалникот Дарко Костовски.












