Исчистен Паркот на новинарите

43

Во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и на Министерството за внатрешни работи, денеска, во раните утрински часови, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите.

Од Општина Центар информираат дека акцијата била спроведена по теренска процена и по пријава од центарци, кои изразиле загриженост за безбедноста и за изгледот на просторот.

Оттаму додаваат дека жителите пријавиле случаи на нарушување на јавниот ред и мир, поставени шатори и физички пресметки, за кои постојат и видеоснимки, кои се доставени до Општината.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека јавните простори мора да се користат согласно со нивната намена и ги охрабрува сите граѓани навремено да ги пријавуваат неправилностите до надлежните служби.

– Се водевме и од социјалната димензија на проблемот, на терен беше затечено и лице со посебни потреби, што дополнително ја нагласува потребата од институционална поддршка. Иако Министерството за социјална политика, демографија и млади не беше дел од акцијата, сметаме дека е неопходно да се вклучи во понатамошниот процес за да се обезбеди соодветна грижа за ранливите категории. Јавниот простор мора да остане чист, безбеден и достапен за сите – изјави Герасимовски.

ИЗДВОЕНИ