На единствениот повикувачки број за итни повици 112 добиена е пријава од полициски службеник за исчезната жена. По барање на полицијата, во потрагата побарано е ангажирање на дронови.
Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи (МВР) со цел да се вклучат дронови во акцијата за пребарување.
Последната добиена информација е дека потрагата по жената во Липково, кумановско, сè уште трае.