Полицијата трага по 42-годишен маж од Батинци, кој пред два дена го напуштил домот и кажал дека ќе оди во Австрија. Но, оттогаш му се губи секаква трага, а бил недостапен и на мобилниот телефон.
„На 22.10.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Драчево Б.Д.(22) од с.Батинци, скопско, пријави дека неговиот вујко Н.Д.(42) на 21.10.2025 се упатил кон Р.Австрија, по што не бил достапен на телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“, стои во билтенот на МВР.